Сите утакмици од турнирот “Миле Нешкоски” ќе се пренесуваат во живо нашиот портал

Вечерва во Прилеп започнува XI Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“, традиционалната спортска манифестација посветена на една од најзначајните личности во прилепскиот и македонскиот ракомет.

Во наредните 4 дена спортската сала „Ристе Ристески – Ричко“ ќе биде местото каде шест екипи ќе се борат за престижниот трофеј, но и каде низ спортот повторно ќе се оживее споменот на Миле Нешкоски – човекот чие име со години е нераскинливо поврзано со ракометот во Прилеп.

Турнирот ќе започне со традиционалното положување цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски, како чин на почит кон ракометарот и спортскиот работник кој остави длабока трага во спортската историја на градот.

На теренот, пак, следуваат четири денови исполнети со квалитетен ракомет и голема борба. Екипите се поделени во две групи:

Група 1:
РК Прилеп
РК Мулти Есенс
РК Младост 1997 Богданци

Група 2:
РК Бутел Скопје
ГРК Тиквеш 2014
РК Еурофарм Пелистер 2

Денеска на програмата се два натпревари. Од 18:00 часот силите ќе ги одмерат РК Бутел Скопје и ГРК Тиквеш 2014, додека од 20:00 часот домаќинот РК Прилеп ќе го одигра првиот натпревар на турнирот против РК Мулти Есенс.

Натпреварите ќе можат да се следат во живо и на нашиот портал, па доколку не сте во можност да бидете во сала поради ограничениот број места, отворете Маркукуле и уживајте во ракометната магија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.