Продолжениот викенд во Прилеп носи празнична еуфорија, а во AVRA ќе се бара место повеќе – Еве зошто!

Прилеп за продолжениот викенд ќе живее во посебен ритам. Градот ќе биде центарот на празнувањата по повод 11 Октомври, а со тоа доаѓаат денови исполнети со луѓе, музика, дружење и добра атмосфера.

А токму кога Прилеп ќе врие како кошница, AVRA – Bites & Cocktails подготвува викенд во кој музиката и доброто уживање одат едно со друго.

ПЕТОК, 09.10. – THE HOUNDS

Петокот е резервиран за најпознатите прилепски рокери – THE HOUNDS. За нив веројатно и не треба посебно претставување. Името кое со години е препознатливо на прилепската музичка сцена за првпат доаѓа во AVRA, што само по себе е доволна причина петочната вечер да биде нешто посебно.

Се очекува преполн локал, одлична рок атмосфера и вечер во која ќе се бара место повеќе, па доколку планирате петокот да го поминете во AVRA, резервацијата е најсигурниот избор.

САБОТА, 10.10. – POP ART BAND

А саботата носи уште едно музичко изненадување – POP ART BAND. Составот е познат по енергичните настапи и репертоарот исполнет со познати хитови, а нивните настапи се создадени за добра забава, пеење и танцување.

Две вечери, две различни музички приказни и една локација.

Сето тоа во префинетиот амбиент, со внимателно подготвената кујна на AVRA, богат избор на храна и секако огромниот избор на коктели кои се веќе еден од препознатливите моменти на ова место.

Ова е викенд за добро друштво, добра храна, коктел во рака и музика која ја носи вечерта.

Резервации на: 078 564 477

Се гледаме во AVRA!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.