Понекогаш за да се направи голема промена е потребна само една иницијатива, една добра идеја и неколку луѓе кои ќе кажат: „Ајде да направиме нешто“.
Токму тоа го направија екоактивистите од „Мој Прилеп“, кои ја започнаа акцијата за расчистување на дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“ – простор кој со години беше запоставен, обраснат со трева, трње, шипови и наталожен отпад.
Без многу зборови и чекање некој друг да го реши проблемот, тие ги зедоа работите во свои раце. Со сопствен труд и ентузијазам го вратија животот во просторот, а нивниот пример покажа дека кога има волја, можат да се направат конкретни резултати.
По нивната акција, се вклучи и ЈП „Комуналец“, чии екипи со механизација и човечки ресурси го завршија финалното расчистување – собирање и транспорт на отпадот до депонијата во Алинци.
Целата на дечките од “Мој Прилеп” е просторот сега да се обележи, и да се врати игралиштето на кое носталгично се сеќаваат генерации прилепчани, каде се преку цел ден и доцна во ноќта, и се чекаше со часови за да се одигра натпревар во мал фудбал или баскет.
За иницијативата интерес покажаа стотици граѓани, кои се нудат со средства и со ресурси да ја помогнат работата на “Мој Прилеп”, но и индивидувално да се вклучат во работните акции.
Од “Мој Прилеп” сега објавија и податоци како граѓаните можат да се вклучат и да помогнат.
-Еве го тој препознатлив прилепски дух на дело! Искрено сум воодушевен од огромниот број пораки и повици од луѓе кои веднаш се пријавија да помогнат. Кога се сака, сè се може со ваква екипа! Бидејќи одѕивот е огромен, еве ги конкретните детали за да се организираме максимално ефективно: Кога и каде се собираме?
Одручек во 18:00 сите што сакаат да учествуваат во акцијата слободно да дојдат. Што е потребно?
– Мотики, стругалки, метли и вреќи за отпад.
– Доколку не одминат облаците, може кој што има да донеси пумпици и средство за уништување на треви и плевели, па
и со тоа да испрскаме пред да бележиме со боја. Напомена: Секој е добредојден! Дури и да немате алат или боја, дојдете да се подружиме и да смислиме наредни проекти, стои во соопштението.
























