Eкипата на РК Прилеп славеше и на гостувањето кај Куманово, и на три кола до крајот од сезоната, го потврдија првото место на плеј-аут табелата во Супер лигата.
Крајниот резултат во Куманово беше 25:28, а со овој триумф екипата предводена од Наум Танески го задржа максималниот ефект во разигурувањето за опстанок во најелитното ракометно друштво.
На мечот во Куманово домашните парираа, особено во првиот дел, но во второто полувреме прилепчани ја контролираа играта и не дозволија камбек.
На второто место е Еурофарм Пелистер 2 со 27 бодови, додека Пролет има 23, а Куманово остана на 17 на четвртата позиција.
























