Има викенди кога однапред знаете дека ќе бидат одлични, а програмата во Pub Club Terasa за овој викенд е токму таква! Три вечери, три различни музички доживувања, врвни изведувачи и атмосфера по која Тераса веќе е препознатлива. Одличната музика, доброто друштво и забавата се загарантирани, а единственото прашање е кој ќе биде побрз да си обезбеди место!
Еве што ве очекува:
ЧЕТВРТОК (19.11.) – AFTERWORK & LADIES NIGHT
Викендот во Тераса започнува уште во четврток, од 17:00 часот, со Afterwork забава и настап на Ненад Вржалски со неговите 90ty Strings. За дамите и овој четврток важи понудата – неограничено уживање во пијалоци по цена од само 500 денари.
ПЕТОК (20.11.) – QR CODE LIVE MUSIC
Петочната вечер е резервирана за новата тин атракција во Прилеп – дечките од QR Code, енергични со богат репретоар, дечки кои со секој нов настап ги крадат симпатиите кај присутните.
САБОТА (21.11.) – ДАРКО ГРОЗДАНОВСКИ LIVE
Викендот ќе кулминира во сабота со настапот на Дарко Гроздановски, битолчанецот кој ги прави едни од најдобрите забави ширум Македонија, девојките го обожаваат, а просторот за неговите свирки се претвора во подиум каде сите играат од прва до последна песна.
Резервации на: 070 304 967
Во Pub Club Terasa добрата забава не е случајност, туку викенд-рутина! А кога програмата е ваква, не чекајте последен момент, резервирајте си го вашето место навреме.
Pub Club Terasa – местото каде што секој викенд има своја приказна!




























