-На 22.06.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.Б.(49) од Прилеп и електричен тротинет, управуван од 16-годишна малолетничка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, информираат од СВР Битола.
























