Преку ноќ пораснаа пиците во Прилеп! Ем големи, ем богати, ем со пристапни цени – Еве што се случи

Има места каде што храната е многу повеќе од оброк, таа е уживање во вкусот, мирисот на свежо подготвените специјалитети и задоволството што доаѓа со секој залак. Токму со таква идеја, Gyro Street</a> во Прилеп ја градеше својата приказна, нудејќи автентично грчко гиро, подготвено со внимание кон секој детаљ. А сега, на веќе препознатливата гастрономска понуда ѝ додаваат уште една причина за посета, ново мени со богати, вкусни и големи пици за сечиј вкус!

Зад Gyro Street стои Сашe Темелкоски, прилепчанец со повеќе од 20 години искуство во угостителството, кој низ работата во Македонија и во странство го надградувал своето знаење, запознавајќи различни кујни, вкусови и начини на подготовка. Токму тоа искуство, заедно со љубовта кон гастрономијата и желбата на прилепчани да им понуди нешто квалитетно и поразлично, е основата врз која ја гради приказната на Gyro Street.

Препознатливи по своето гиро, каде што сочноста на месото, свежите состојки и внимателно подготвените сосови создаваат вистинско гастрономско доживување, од Gyro Street сега одат чекор понатаму. Новитетот во менито се пиците, подготвени за сите оние кои сакаат добар вкус, богата комбинација на состојки и вистинско уживање во омилениот италијански специјалитет.

Од класичните комбинации до пици за љубителите на поинтензивни и поинакви вкусови, новото мени на Gyro Street носи разновиден избор. Тестото е еден од главните адути, со одлична текстура и вкус, а пиците се големи, богати со состојки и создадени за да го оправдаат задоволството на секој љубител на добра пица.

Во понудата се наоѓаат добро познатите Маргарита, Капричиоза, Мови, Пеперони, Фунги, Везувио, Стелато, Кватро формаџи, Туна, Вегетаријанска и Мексиканска пица, а за оние кои сакаат нешто поинакво, тука се и Гиро пицата и House пицата, избор што одлично се вклопува во гастрономската приказна на Gyro Street.

Без разлика дали сте љубител на класичната Маргарита, сакате пица со богати месни додатоци, уживате во комбинации со сирења или, пак, претпочитате полесни и вегетаријански варијанти, во новото мени има опција за различни вкусови и желби.

Она што дополнително ја прави понудата привлечна се пристапните цени, со идеја добрата храна да биде достапна за секого – од брз оброк во текот на денот до опуштено дружење со семејството или пријателите.

Покрај пиците, на менито сега има и печени сендвичи, пастрмајлија и топено сирење, специјалитети што ја надополнуваат разновидната понуда и овозможуваат секој да го пронајде својот омилен оброк.

Токму во тоа е идејата на Саше, да создаде место каде што квалитетот, разновидноста и вкусот одат заедно. Искуството стекнато низ годините е важен дел од таа приказна, но подеднакво важни се и вниманието кон подготовката, изборот на состојките и желбата секој гостин да си замине задоволен.

Ако сè уште не сте го пробале нивното гиро, сега имате уште повеќе причини да го посетите Gyro Street. А ако сте љубител на пици, можеби токму некоја од новите комбинации ќе стане вашиот следен омилен вкус!

Посетете ги на ул. “Цар Самоил” наспроти Економското средно училиште во Прилеп, или јавете се и нарачајте на телефонскиот број: 078 533 692

НАЗДРАВЈЕ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.