85.000 следбеници на нашата Фејсбук страница. Бројка која ни причинува огромно задоволство, но пред сè ни носи уште поголема одговорност.
Веќе 11 години, Маркукуле е тука за граѓаните. Како сервис на јавноста, со информации за секојдневните случувања, вести од Прилеп и регионот, спорт, култура, образование, успесите на нашите сограѓани, младите таленти и луѓето кои со својата работа и посветеност заслужуваат да бидат видени и препознаени.
Тука сме да информираме, да поттикнеме, да дадеме простор на важните теми, но и да ја промовираме забавата, позитивните приказни и сè она што е убаво, вредно и успешно во нашата средина.
Не беше секогаш лесно, ниту успехот дојде преку ноќ. Зад овие 85.000 следбеници стојат години работа, многу часови поминати на терен, следење на настаните, подготовка на содржини и пред сè верба дека локалните приказни заслужуваат внимание.
Не тврдиме дека сме безгрешни, но секогаш се трудиме да бидеме објективни, искрени и блиску до граѓаните.
Затоа, оваа бројка не ја гледаме само како статистика, туку како доверба што се гради со години.
Ви благодариме што 11 години сте дел од нашата приказна!
Продолжуваме понатаму, со истата посветеност, со љубов кон Прилеп и регионот и со желба заедно да ги раскажуваме приказните што вредат.
Следете не’ на социјалните мрежи:
























