Официјално: Старата, шампионска ФК “ПОБЕДА”, исчистена од долгови и со сериозен инвеститор, стартува од четврта лига

Старата Победа, онаа која има две шампионски титули и играше со Парма и Перуџа во минатото, новата сезона ќе ја стартува од Четвртата општинска лига. Според нашите сознанија, клубот има нов сериозен инвеститор, кој има големи планови за Победа – да ја врати на старите патеки.

Засега не е познато кој ќе го носи дресот на Победа во новата сезона, ниту на кој терен ќе настапува клубот, но едно е сигурно Победа стартува на 20 септември против Корзо 2016. Ќе биде тоа градско дерби кое ќе побуди голема носталгија.

Следете не’ и информирајте се за сите новости.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.