Во време кога сè почесто се соочуваме со кашлици, алергии и ослабен имунитет, грижата за здравјето – особено кај децата – станува приоритет за секое семејство. Токму од таа потреба, но и од лично искуство, започнува приказната за Salt Play Spa. Позади Бизнис центарот во Прилеп, веднаш до „Калипсо“, се наоѓа ова топло и тивко катче во Прилеп – создадено со љубов од три другарки, Лора, Ирена и Далиборка. Она што започнало како секојдневна грижа на мајки кои ги носеле своите деца во друг град на третмани, денес прерасна во место кое им помага на многу деца и возрасни од Прилеп и регионот да дишат полесно и да се чувствуваат подобро. Во разговор со нив откриваме како започна сè, што значи да се води бизнис со блиски луѓе и зошто велат дека ова што го прават е многу повеќе од работа.
Како започна приказната за Salt Play Spa? Од каде дојде идејата?
-Приказната започна сосема случајно. Сите три сме мајки и често, поради затнат нос и кашлица, ги носевме нашите деца во друг град за посета на солена соба. Подоцна, поради зајакнување на имунитетот и проблеми со алергии, тие посети станаа почести. Така дојдовме до идеја да инвестираме и да отвориме нешто корисно во нашиот град.
View this post on Instagram
Три другарки, заеднички бизнис – колку е тоа предизвик, а колку предност?
-Заеднички бизнис помеѓу три другарки е и голема шанса, но и сериозен тест. Не е ниту чиста предност, ниту само предизвик – туку комбинација што бара зрелост и јасни договори од самиот почеток. Довербата ја имаме, комуникацијата е полесна и поотворена, а различните карактери и професии ни овозможуваат да се надополнуваме.
Често велите дека ова не е само бизнис, туку мисија – што значи тоа за вас?
-Кога велиме „не е само бизнис, туку мисија“, мислиме дека целта не ни е само заработка, туку нешто подлабоко што нè води секој ден. Тоа значи дека и кога е тешко – не се откажуваме лесно, затоа што зад ова стои идеја, страст и силна причина зошто воопшто сме почнале.
За оние што првпат слушаат, како наједноставно би објасниле што е халотерапија?
-Наједноставно кажано, халотерапија е вдишување на чист солен воздух во контролирана просторија.
Кои се најчестите проблеми со кои ви доаѓаат клиентите? Колку време е потребно за да се почувствуваат првите резултати и дали халотерапијата е наменета само за деца или и за возрасни?
-Честите настинки се еден од најчестите проблеми со кои се среќаваме кај посетителите. Чести се и лицата со опструктивни и алергиски бронхити, егзема, псоријаза и остеоартритис. За подолготрајни резултати потребни се од 10 до 14 третмани. Халотерапијата е наменета за сите возрасти – како што сакаме да кажеме, од 0 до 100 😅, бидејќи халогенераторот работи со програми прилагодени на потребите и возраста на посетителите.
Што е Baby Spa и како реагираат бебињата на овој третман?
-Baby Spa е вистинско уживање за најмалите. Станува збор за хидротерапија во џакузи со озонска вода. Бебињата најчесто уживаат, иако некои, особено повозрасните, на почетокот може да се исплашат и да заплачат. Но по неколку минути се прилагодуваат и почнуваат да уживаат – понекогаш дури и не сакаат да излезат од водата 😅.
Кои се најголемите придобивки од движењето во вода за бебињата и како родителите го доживуваат ова искуство?
-Хидротерапијата има бројни придобивки:
– ја подобрува моториката,
– ја зајакнува мускулатурата без оптоварување на зглобовите,
– придонесува за подобра координација и баланс,
– ги намалува грчевите и коликите,
– овозможува подобар сон,
– создава чувство на сигурност, слично како во утробата на мајката.
Родителите се задоволни и често се враќаат повторно да им овозможат вакво искуство на своите деца.
Која е разликата помеѓу релакс и терапевтските масажи и дали ова место е „бегство од стрес“?
-Покрај халотерапијата, нудиме и различни видови масажи. Разликата е во потребите на клиентите – дали станува збор за релаксација или за решавање конкретен проблем.
Нудиме релакс масажи на грб, екстремитети и цело тело, како и вендузи терапија. Така, посетителите истовремено дишат здраво и се релаксираат. Со сигурност можеме да кажеме дека ова е вистинско „бегство од стрес“ за сите.
Што ја прави Kids Gym програмата посебна?
-Kids Gym е делот со кој го заокружуваме концептот на Salt Play Spa. Во специјално опремена просторија, децата под водство на искусен физиотерапевт ја подобруваат моториката и психофизичкиот развој. Вежбите се индивидуално прилагодени според потребите на секое дете.
Дали денешните деца имаат помалку физичка активност и како тоа влијае?
-За жал, да. Денешните деца поминуваат повеќе време на електронски уреди, наместо во игра на отворено. Неправилното седење, тежината на училишниот ранец и зголемената појава на прекумерна тежина доведуваат до проблеми со држењето на телото и искривувања.
Како сакате да се развива Salt Play Spa во иднина?
-Сакаме Salt Play Spa да стане дел од секојдневието на луѓето – место каде природно ќе доаѓаат до здравје, подобар имунитет и релаксација. Децата да имаат свое катче за правилен раст и развој, а најмалите да уживаат со своите родители во придобивките од хидротерапијата.
Што би им порачале на сите кои сè уште не ве посетиле?
-Им порачуваме да дојдат и самите да се уверат дека здравјето не доаѓа само од таблети, туку и од природата. Ние го донесовме „морето“ во нашиот град – во една прекрасна солена соба со халогенератор и солни тули.
Наша препорака за крај, не чекајте да се појави проблем – вложете во здравјето навреме. Посетете го Salt Play Spa и уверете се во придобивките од природната терапија.
За закажување термин јавете се на 📞 075 511 717 и резервирајте го вашето време за релакс и здравје.































