Mладата кошаркарска екипа на прилепски Мега Баскет продолжува да реди успеси во младинската лига. По триумфот минатиот викенд над Пелистер во Битола, сега прилепчани забележаа висока победа и на гостувањето кај Водно Санс во Скопје.
Крајниот резултат на семафорот денеска беше 59:74, а дечките повторно ни испратија победничко селфи од соблекувалната.
Иако прилепската кошарка доби само околу 5.000 евра сезонава за двете екипи (сениори и младинци), младите кошаркари на Мега Баскет покажуваат дека со срце и душа на терен се’ е возможно.
Честитки дечки!
























