Секој ден иста песна, прилепчани седат запечатени дома, прозорец не смеат да отворат. Причината, група поединци кои палат гуми и кабли во подножјето на Маркови Кули и Дабница, а на кои никој не сака да им влезе во трагот. Не се труди ниту МВР, ниту надлежните инспекциски служби, а прилепчани дишат саѓи.
Миризбата е неподнослива речиси во целиот град, особено во попладневните часови. Прилепчани секојдневно гневно реагираат на социјалните мрежи, ги молат надлежните да реагираат и да ги заштитат нивните деца…
Ќе смогне ли сили некој конечно да се справи со ваквите поединци кои секој ден не’ трујат?!

























