МВР: Важни информации за кандидатите за Средното полициско училиште

МВР денеска излезе со важно соопштение за сите ученици кои сакаат да аплицираат за прием во Средното полициско училиште.

-Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата, потенцираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар.

Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати (родител, старател, законски застапник) Министерството за внатрешни работи склучува договор за школување, а со истиот понатаму се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои учеле прва и втора година, велат од МВР преку соопштение за јавноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.