На влезот во Прилеп, од страната за Скопје, во близина на бензиската пумпа „Макпетрол“, се наоѓа добро познатиот ресторан Beer ti & ja – место кое е синоним за добра храна и пријатна атмосфера.
Ресторанот располага со капацитет до 70 гости, што го прави идеален избор за организирање на помали семејни свечености. Без разлика дали станува збор за крштевки, родендени, јубилеи или други прослави, „Beer ti & ja“ нуди топла и интимна атмосфера, совршена за споделување убави моменти со најблиските.
Познат по својата богата гурманска понуда, ресторанот нуди разновидни предјадења, препознатлива прилепска скара, специјалитети од месо, како и традиционални јадења како чорби, гулаш, печена коленица и прочуениот прилепски ширден. Сето тоа е надополнето со внимателно избрана винска карта и широк избор на пијалоци.
Тимот на ресторанот подготвува специјални менија прилагодени за свечени пригоди, комбинирајќи квалитет и пристапни цени, со цел секој гостин да добие целосно уживање.
Дополнителна предност е и пространиот паркинг, кој овозможува безгрижна организација на настаните.
Доколку барате место каде вкусната храна, пријатната атмосфера и одличната услуга одат заедно, „Beer ti & ja“ е вистинскиот избор за вашата следна прослава.
Jaвете се информирајте се и резервирајте уште денеска на тел.бр.075 443 833




























