-На 21.07.2026 во 20:40 часот од с.Чепигово, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.Ц.(52) од с.Чепигово поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено, при што изгорела сува трева на поголема површина. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат во полицискиот билтен на МВР.























