Коњановски во увид – Се асфалтираше локалниот пат во Раштани (ФОТО)

Продолжуваат активностите за подобрување на патната инфраструктура во Општина Битола. Денеска беше асфалтиран коловозот на локалниот пат во селото Раштани, при што се опфатени три краци со вкупна должина од околу 500 метри.

Увид во реализацијата на градежните работи изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со одговорните лица за проектот.

Инвестицијата е во вредност од 9.807.930 денари и е обезбедена преку вториот владин повик на Министерството за транспорт за проектот „Изградба на коловоз за локален пат во селото Раштани“.

Од Општина Битола посочуваат дека со реализацијата на овој проект се подобрува патната инфраструктура и условите за побезбедно и полесно движење на жителите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.