Клучна победа на Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид во борбата за второто место

Ракометарите на Е. Пелистер излегоа како победници од клучната битка на гостувањето против Охрид (22-25), триумф со кој битолските „зелено-бели“ направија клучен чекор за освојување на второто место кое значи и загарантиран пласман во ЕХФ Европската лига.

Никола Митревски беше херојот со 17 успешни интервенции, имаше една пресечена контра и една асистенција, додека во нападот најефикасни беа Радивојевиќ со осум и Кузмановски со четири погодоци.

На спротивната страна, Пилиповиќ собра 11 одбрани за Охрид, додека прв стрелец на овој тим беше Јасухира со пет постигнати гола.

Во последното коло од Супер лигата, Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид, а Охрид гостува кај Тиквеш.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.