Какви се овие чудни вредности? Министерка од Шведска го осуди Орбан дека се залагал за зголемување на наталитетот?

Либералката Софиа Нербранд, која пишува за шведскиот весник “Sydsvenskan”, тврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан “требало да се срами” поради тоа како што сака да го зголеми наталитетот во Унгарија. Истовремено кон нејзиниот став се приклучила и министерката Аника Штрандал.

Во текстот за весникот, Софија пишува: “Виктор Орбан изјави дека целта му е да се зголеми унгарскиот народ, но со унгарски деца од чисти Унгарци, а не од мигранти”. Иако Орбан не споменал белци или бела боја на кожа, Швеѓанката го напишала и тој дел.

После тоа, 45-годишната либералка се насочила и кон сите други државници кои својот народ го ставаат на право место.

“Реториката и политиката која го наградува сопствениот народ, а со тоа исклучувајќи ги останатите не би смеела да има место во денешна Европа”, напишала Нербранд.

Нејзиниот став го поддржала министерката за социјална заштита Аника Штрандал од Социјалдемократската партија.

“Она што се случува во Унгарија е алармантно. Орбан сега сака повеќе раѓања на “вистински” унгарски деца”, напишала меѓу другото министерката на Твитер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.