Еве што им ветуваа Ременски и Николовски на жителите од Преспа за јаболката – наместо тоа денеска над 2000 луѓе го блокираа патот и молат за помош (Фото/Видео)

“СДСМ со системски мерки во земјоделието ќе обезбеди државна гаранција за откупот на јаболкото и пласманот на јаболкото. Со низа системски решенија ќе го подобриме амбиентот за производство и развој на земјоделието во РМ, но најважно од се е дека новата влада на СДСМ, по промената на власта, ќе обезбеди достапност до субвенциите за земјоделците, за вистинските земјоделци, а не за луѓето коишто воопшто не се занимаваат со земјоделие, а сите овие 10 години ги злоупотребиле субвенциите. Промени ќе има и мора да има”, изјави актуелната пратеничка од СДСМ во Собранието, Фросина Ременски, при посетата на Преспанскиот регион пред парламентарните избори во 2016 година.

Во меѓувреме посета на произведувачите на јаболка имаше и Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, еве што тој им порача на ресенчани во октомври минатата година:

Но, состојбата на терен е сосема поразлична.

Над 2000 производители на јаболка од Преспанскиот регион денеска над два часа го блокираа патниот правец Битола-Ресен.

Одгледувачите на јаболка од овој регион бараат субвенционирање на индустриските јаболка со по 3 денари за килограм и решавање на слабиот пласман.

Тие побараа средба со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Според овоштарите, нивната состојба е многу тешка. Се работи за бројка од над 50.000 тони неоткупени јаболка, за кои цената е премногу ниска.

Според нив нема пласман ниту на индустриското, ниту на трпезното јаболко.

Видео од протестот погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.