ИМПРЕСИВНА БРОЈКА: Прилепчанец постигна 212 голови сезонава, и се’ уште нема добиено повик за во репрезентација

Заврши сезоната во ракометната Супер лига, а РК Прилеп и оваа сезона ја заврши со плеј-аут разигрување, каде прилепчани беа супериорни и победија на сите 10 натпревари.

Прилеп и следната сезона ќе игра во најелитното ракометно друштво, а амбициите и на клубот и на вљубениците во ракометот во градот под Марковите Кули се зголемуваат. Целта е наредната сезона да се оди чекор погоре и клубот по долго време да се бори за излез на европската сцена.

Капитенот на клубот, Димитар Димитриоски сезоната ја заврши како најдобар стрелец во лигата, постигнувајќи дури 212 голови или 6,6 погодоци по натпревар во просек.

И покрај оваа импресивна статистика, предводникот на РК Прилеп се’ уште нема добиено повик за репрезентацијата на Македонија, каде во минатото повремено се наоѓаше неговото име.

Нека овие бројки бидат апел до тренерот Кире Лазаров, Прилеп заслужува да има свој член во дресот на Македонија, а бројките на Димириоски го говорат токму тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.