ИЛИНДЕНСКА вечер со СУПЕР ХИКС во Крушево – Општината подготвува спектакуларна вечер

На 1 август, во пресрет на големиот празник Илинден, Крушево ќе биде домаќин на уште еден спектакуларен музички настан. На сцената во Градскиот парк, со почеток во 22:45 часот, ќе настапи легендарниот македонски бенд Суперхикс, кој повеќе од три децении ја одушевува публиката со својата препознатлива енергија и безвременски хитови.

Формирани во 1993 година во Скопје, Суперхикс се еден од најзначајните и најдолговечни состави на домашната музичка сцена. Нивниот препознатлив музички израз е спој на ска-панк, реге и панк-рок, збогатен со моќна дувачка секција која е нивен заштитен знак.

Со бројни хитови, духовити и општествено ангажирани текстови, како и настапи исполнети со неверојатна енергија, Суперхикс успеваат да ги обединат сите генерации пред сцената, создавајќи атмосфера која долго се памети.

Концертот е дел од богатата програма за одбележување на Илинден во Крушево, а oд општината најавуваат вечер исполнета со добра музика, позитивна енергија и илјадници посетители.

Доколку сакате незаборавна илинденска вечер со еден од најдобрите македонски бендови, Крушево е местото каде треба да бидете.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.