Измени во сообраќајниот режим на експресниот пат Градско-Дреново и автопатот Велес-Неготино

На експресниот пат А1, на делницата Градско – клучка Дреново, како и на автопатот А1, на делницата Велес – Неготино, во зоната на клучката Градско, од утре до 31 декември ќе има времена измена на режимот на сообраќај.

Како што информираат од СТРАБАГ АГ, Подружница Страбаг Скопје, измените се воведуваат поради санациони работи на асфалтните површини, при што сообраќајот ќе биде соодветно пренасочуван и регулиран.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.