И сениорите од Мега баскет со нова победа – петта по ред

Откако младинската екипа вчера ја израдува спортската јавноста со петтата последователна победа, денеска и сениорите го задржаа победничкиот чекор и стигнаа исто така до петтата победа по ред, овојпат на гости кај Борец.

Бидејќи салата во Велес се реновира, натпреварот се играше во Штип, а прилепчани натпреварот го добија со 75:88.

Од недела во недела овие момци, покажуваат дека ги имаат сите квалитети да ја вратат кошарката во самиот врв, а за тоа им е потребна поддршка, како на трибините, така и финансиска.

Да се надеваме дека овој натпревар во победи помеѓу младинската и сениорската екипа на Мега баскет, ќе продолжи во наредните недели, па нека трае до самиот крај на сезоната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.