До сега пријавени 2.300 граѓани што сакаат да се вратат

Упативме апел до нашите граѓани кои се во други држави да се пријават во дипломатските претставништва, за државата да организира враќање во татковината.

До сега има пријавени 2.300 низ целиот свет, а концентрацијата е во европските држави.

-На владина седница разговаравме за ова и не задолжи нас во соработка со Министерството за транспорт и врски да организираме хуманитарни летови за да си ги донесеме граѓаните дома.

Се формира и тело за задолжителен државен карантин. Врз основа на законските прописи за заштита на јавно здравје, владата одлучи сите кои ќе дојдат да бидат во државен карантин 15 дена. Ова е за да се заштити и другиот државен интерес, односно заштита на здравјето на сите кои се веќе во татковината.

Димитров, ги повика сите кои се немаат пријавено на меил адреси и на телефони во дипломатските претставништва, до недела во 18 часот.

Мора да имаме прецизни податоци за да организираме превоз – порача Димитров.

-Во договор со Црна Гора, имавме обид да ги донесеме заедно граѓаните од Истанбул, со државниот лет од Црна Гора. Штом ги информиравме дека ќе бидат во државен карантин, никој не сакаше да се качи на летот. Ако ова е индиција, можно е бројката да паѓа – рече министерот.

Во следните денови Димитров рече дека ќе организираат хуманитарен конвој од Црна Гора, каде има седумдесетина граѓани, а и тие ќе бидат во државен карантин.

Уште еднаш повика да се пријават сите заинтересирани до утре до 18 часот, затоа што ова не е процес кој ќе трае.

Исто така, напомена дека немаат податоци за здравствената состојба на пријавените, затоа што тие се пријавуваат по телефон или на меил, па затоа се организира државен карантин на трошок на државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.