Девојката со македонско знаме ја забележа најголемата победа: Нина гази и е се поблиску до врвот! (ВИДЕО)

Нашата Нина Ансароф ја забележа четвртата попбеда по ред и досега најголема во УФЦ на настанот УФЦ 231 во Торонто, Канада.

Нина Ансароф – Стрина губеше по првата рунда од Клаудија Гадела, а во следните две се созема и ги доби.

Ансароф, која на себе го има истетовирано македонското знаме и во кариерата има скор 10-5 во ММА и 4-2 во УФЦ, имаше изедначена борба со Гадеља, која на крајот по три рунди успеа да ја добие со 29-28. За неа, ова е најголема победа во кариерата.

Македонката која живее во САД е се поблиску до врвот на УФЦ и наскоро може да очекуваме и голема борба, да се бори за титулата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.