Градоначалникот наздрави заедно со матурантите: “Бидете горди на сè што постигнавте досега и продолжете самоуверено по патот што сте го избрале”

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, беше дел од одбележувањето на еден од најважните денови за матурантите, забавата по повод завршувањето на средното образование.

Во пријатна атмосфера, исполнета со насмевки, позитивна енергија и убаво расположение, матурантите заедно со градоначалникот го прославија крајот на едно важно животно поглавје и почетокот на новите предизвици што ги очекуваат.

Чонески им посака многу успех, среќа и храброст во остварувањето на нивните соништа, порачувајќи им да бидат горди на сè што постигнале досега и самоуверено да чекорат по патот што го избрале.

„Младите се иднината на Крушево и нашата најголема надеж. Верувам дека секој од нив ќе продолжи да создава успеси со кои сите ќе се гордееме“, порача градоначалникот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.