Горан Кузманоски – Таста со одличен старт на тренерската авантура на Кипар! Неговиот тим е без пораз по првите четири натпревари

Прилепскиот ракометен тренер Горан Кузманоски – Таста бележи одличен почеток на својата прва сезона на клупата на кипарскиот ракометен клуб SPE Strovolou.

По првите четири одиграни натпревари под негово водство, тимот има забележано три победи и едно реми, со што останува непоразен на стартот од сезоната.

Ова е одличен почеток за Кузманоски, кој новиот професионален предизвик го прифати оваа година, а веќе на почетокот покажува дека неговото искуство, посветеност и тренерски пристап носат резултати.

Успешниот старт не помина незабележано ниту од неговата агенција BS Sports Agency, која преку објава му упати честитки за досегашните резултати, посакувајќи му уште многу успеси во продолжението на сезоната.

Прилепскиот ракометен стручњак продолжува да го гради своето тренерско искуство и надвор од Македонија, а почетните резултати на Кипар се одлична најава за предизвиците што следуваат.

Честитки за Таста и уште многу победи!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.