Битола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.
Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола.
Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија.
Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола.




























