Викендов сите угостителски објекти во Прилеп ќе работат со продолжено работно време

Прилеп се подготвува за најновото издание на фестивалот на пивото и скарата – Пиво Фест 2026. Најновото издание на фестивалот ќе трае три дена од 17 до 19 јули, што стана пракса во изминатите 2-3 години, иако во минатото фестивалот траеше четири вечери и постојано се одржуваше првиот четврток после Петровденските пости.

Советот на Oпштина Прилеп на седницата одржана на 23.06.2026 година, донесе Oдлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на одржување на фестивалот на пивото 2026 година (Пиво фестивал Прилеп).

Со оваа Одлука се продолжува работното време на угостителските објекти во градот и штандовите учесници на фестивалот на пивото ,,Пиво фестивал Прилеп’’ 2026 за време од 2 часа подолго од работното време на угостителските објекти определено со член 23 од Законот за угостителската дејност.

Продолженото работно време се однесува само за деновите кога ќе се одржува фестивалот на пивото ,,Пиво фестивал Прилеп’’ 2026, односно 17-ти, 18-ти и 19-ти јули.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.