БРАВО! Тоа што се чекаше 10 години, дечкиве го направија за 10 часа (ФОТО)

Иницијативата која што ја започна “МОЈ ПРИЛЕП” за промена на состојбите во градот, наиде на голема поддршка кај прилепчани, и кај младите, но и кај постарите.

На повикот да се помогне околу уредување на некогаш култното игралиште кај интернатот, се јавија десетици доброволци, па сега игралиштето одново изгледа уредно и чисто.

Нов изглед доби и кошот за баскет, култниот кош кој пред повеќе од една деценија собираше млади луѓе од целиот град, се чекаше ред за да се одигра термин…. едни убави времиња кога Прилеп вриеше од млади луѓе.

Наша цел во периодот кој следи е целосно афирмирање на активностите на овие млади луѓе и максимална поддршка на нивниот ентузијазам да ги засукаат ракавите и да ги променат сами работите.

Дечки капа долу, а сите вие кои сакате да се вклучите и да помогнете, следете го МОЈ ПРИЛЕП и навреме информирајте се за следните работни акции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.