Што се тоа метастази и како тие се шират низ телото на човекот (ВИДЕО)

Метастазите се манифестирања на канцерот кога тој започнува да се шири низ различни делови на телото. Тие се познати уште како канцер од четврт степен.

Метастазите се создаваат кога канцерогените ќелии ќе се одделат од главниот тумор и ќе влезат во крвниот или лимфниот систем.

Овој систем ги разнесува течностите низ телото, па така канцерогените клетки можат да патуваат далеку од главниот тумор и создаваат нови тумори кои подоцна се развиваат на различни делови од телото.

Метастазите зависат од неколку фактори, кои го вклучуваат типот на канцер и неговата агресивност, како и тоа колку долго сте го имале пред истиот да започне да се лечи.

Канцерот може да се развива на кожата, мускулите, коските, белите дробови … или на други органи на телото.

Кога канцерот на дојка ќе се развие и на црниот дроб како резултат на метастазирање, тој го добива името метастазиран канцер на дојка, а не канцер на црн дроб, што значи дека канцерот и понатаму според докторите го носи истото име.

Видеото во продолжение ќе ви даде одговор и на прашањето кој канцер на кои органи се распространува и од што зависи лечењето на оваа тешка болест.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.