Teжок спортски викенд за екипите од Прилеп: Нов пораз вечерва и за РК Прилеп

Екипата на РК Прилеп во рамките од 12-то коло од машката Супер лига, вечерва во Универзалната сала го дочека РК Бутел.

Бутелчани докажаа зошто се наоѓаат во самиот врв на табелата и рутинирано триумфираа со резултат 23-26 (10-13 на полувремето).

Ова е осми пораз за прилепчани сезонава, а деветта победа за екипата на РК Бутел.

Во наредното коло коло РК Прилеп гостува кај Металург.

ЛИНК од натпреварот во продолжение:

Претходно денеска порази забележаа и Победа против Саса во Македонска Каменица, како и екипата на Мега Баскет против Работнички 2018.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.