TРЕНДОТ ПРОДОЛЖУВА: Србите ги палат автомобилите кои нема да поминат технички преглед (ВИДЕО)

Трето по ред палење на автомобил како протест поради строгите прописи за исправност на возилата на технички преглед.

На Саша Јанковиќ од Пожега и Џурџу Милановиќ од околината на Јагодина, кои ги запалија своите возила, им се придружи Михајло Стаменковиќ од селото Стајковци во близина на Власотинце.

Новите строги правила за технички преглед многу возачи ги доведоа до очај, па многумина едвај успеаа да ги регистрираат своите возила.

Михајло исто така бил револтиран поради тоа што неговиот Фијат Браво не го поминал техничкиот преглед. Го наполнил возилото со сено, го полијал со бензин и го запалил, а причините ги кажува во видеото во продолжение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.