Sky Riders организираа уште еден успешен Toptash Downhil во Прилеп: Трката во иднина ќе биде Државно бодувано првенство (Фото галерија)

Клубот за екстремни спортови “Sky Riders” Прилеп, викендoв по 7-ми пат ја организираше трката “Toptash Downhill Cup”.

Трката се одвиваше два дена. Со саботата се одржа тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии, а во неделата после официјалниот тренинг и квалификациски спуст, следуваше официјалната трка.

Годинава на трката учествуваа околу 60-тина натпреварувачи од Македонија и соседните држави (Србија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Албанија и Косово), со што оваа трка станува поатрактивна за најдобрите возачи на балканот.

Најавите се дека “Toptash Downhill Cup” ќе биде државно првенство на Македонија и ќе биде бодувана за ранг листата на Велосипедската Федерација на Македонија.





Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.