Pycкиот пpeтceдател пpeживeaл дpaмaтичeн лeт: Aвиoнoт eдвaj cлeтaл, cвeдoштвo на пилотите (Видео)

Авионот на рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена едвај слетал на аеродромот во Бишкек поради густа магла, откриваат пилотите на претседателскиот авион во емисија на телевизијата “Русија 24”.

Путин на 28 ноември престојувал во престолнината на Киргистан, а пилотите откриваат дека проблемите започнале набрзо после полетувањето од аеродромот во Санкт Петербург.

Временските прилики се влошиле, а видливоста била помала од 500 метри.

“За време на слетувањето пистата не се ни наѕираше”, вели еден од пилотите.

Меѓутоа, искусната посада сите одлуки за слетување ги донеле трезвено и немало никаков ризик по рускиот претседател и останатите патници.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.