Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, а 8 април годинава беа изгласани со огромно мнозинство во Собранието. Во меѓувреме, траеја администеративните процедури за Правилникот подготвен од Министерството за внатрешни работи, со чие денешно објавување во Службен весник во сила се законските измени.
Како што образложи пратеникот од ЗНАМ Павле Арсовски во Собранието, со законот се придвидува во Македонија возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ откако ќе наполни 23 години и поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часовна теоретска обука.
Држави каде може да се управува Мотоцикл до 125 см³ со возачка дозвола од Б категорија може да се управува во Шпанија, Грција, Португалија, Франција, Австрија, Чешка, Белгија, Луксембург, Словенија, Полска.
























