-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.М.(34), Г.М.(33), А.М.(26) и Е.М.(38) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.09.2026 во с.Кривогаштани, Општина Кривогаштани, пријавените физички го нападнале В.З.(39) од истото село и му нанеле повреди, информираат во полицискиот билтен на МВР.
























