Oпштината ќе дава по 6.000 ден. субвенција за возачка дозвола за сите матуранти

Добра вест за матурантите од Општина Долнени. Локалната самоуправа и оваа година продолжува со мерките за поддршка на младите, обезбедувајќи финансиска помош за стекнување возачка дозвола од Б категорија. За таа цел е објавен јавен повик преку кој матурантите од учебната 2025/2026 година ќе можат да добијат ваучер во вредност од 6.000 денари за обука и полагање, а распределбата ќе се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“.

Право на учество

Право на пријавување имаат сите матуранти кои во учебната 2025/2026 година завршиле средно образование и имаат живеалиште на територијата на Општина Долнени.

Вредност на ваучерот

Секој избран кандидат ќе добие ваучер во вредност од 6.000 денари за обука и полагање за возачка дозвола – Б категорија.

Потребни документи

Изјава дека кандидатот во учебната 2025/2026 година завршил средно образование, односно дека е матурант.
Образецот на изјавата се подигнува во архивата на Општина Долнени при поднесување на пријавата.
Копија од лична карта.

Начин на доделување

Ваучерите ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до исцрпување на предвидениот број ваучери и исполнување на условите од јавниот повик.

Рок за пријавување

Пријавувањето трае 10 (десет) дена од денот на објавување на јавниот повик.

Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Општина Долнени, во работно време.

Ги повикуваме сите матуранти кои ги исполнуваат условите навремено да аплицираат и да ја искористат оваа можност за финансиска поддршка при стекнување возачка дозвола. – Стои во соопштението од општина Долнени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.