Вечерва како дел од проектот “Од 0 до култура”, со почеток од 21 часот на Камената бина во Прилеп ќе настапат Side Quest.
Side Quest е панк-рок, поп-панк бенд од Прилеп кој во 2023 се приклучуваат на македонската алтернативна сцена.
Оваа година на проектот “Од 0 до КултурА” ќе изведат песни по хронолошки редослед од панк рок културата како стилско движење кое еволуира до денес. Ќе слушнете песни од бендови кои го формирале стилот, креирале суб-култури и оставиле свои печат во текот на времето.
Моментално работат на нивниот прв деби албум, а до денес имаат издадено еден сингл (Нема иднина), снимена песна за прилепскиот фудбалски клуб “Победа” и преработка на македонската народна песна “Ако одам во Битола”.
Покрај клупски настапи имаат свирено како предгрупа на концерти на Паркети, My Tear и Нема Лабаво. Исто така беа финалисти на минатогодишниот фестивал за млади бендови “Лузер Фест“.
Бендот го сочинуваат:
Елена Хаџи-Спироска – вокал
Ангел Ѓоргиоски – вокал
Александар Ристески – гитара
Христијан Богдановски – гитара
Мартин Трајковски – бас
Филип Богдановски – тапани

























