Oблоги од зелка и мед се бpза помош дома: Еве како медот и зелката успешно лекуваат кашлица и бpoнxитиc

Еден од најпознатите и ефективните начини за кашлање е лист од зелка со мед, ова е „златно” средство против кашлица.

За ова лечење нема ограничување на возраста, подеднакво е ефикасно и за малите деца и за возрасните.
За да го почнете лечењето ви треба една зелка и мед.

Еве што треба да направите:

Полека одделете еден лист од зелката. Листот од зелка треба да го спуштите во врела вода неколку минути. Ќе стане топол и мек. Потоа намачкајте ја едната страна со мед. Ставете ја страната каде што медот на градите. Ставете најлонска кеса над зелката и завиткајте ја со шал или пешкир. Подобро е да се стави пред спиење.

Ако кашлицата е силна, ќе бидат потребни два листови од зелка – едниот поставен на градите, а другиот на задниот дел. Облогот тргнете го утрото. Кожата избришете ја со влажна крпа или измијте го местото каде што бил облогот, и се што тој извлекол.
Ако бронхитисот е на почетокот, резултатот ќе биде видлив по првата постапка. Третманот се спроведува од пет до седум ноќи. И наскоро, од кашлањето нема да има никаков траг.

Активните состојки на медот и зелката, како и топлината, придонесуваат за намалување на кашлицата и исчезнување на воспалителниот процес. Можете медот наизменично да го замените со топло рицинусово масло.

Извор: “Denesen.mk”


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.