Kличко: “5000 шлемови донациja од Германија се апсолутна шега, што ќе ни испpaтат наpeдно…перници?”

Поранешниот боксерски професионалец и актуелен градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, остро ја критикуваше најавената германска испорака на 5.000 заштитни шлемови во Украина.

„5.000 шлемови се апсолутна шега. Што следно Германија ќе ни испрати за поддршка? Перници?“, ја критикуваше Кличко германската влада во „Билд“.

Украинскиот амбасадор во Берлин, Андреј Мелник, претходно ја поздрави ветената испорака, но во исто време ја критикуваше како „чисто симболичен гест“.

„Тоа е само капка во море. Не е ни утеха“, изјави тој, додавајќи дека неговата земја бара воени бродови и системи за противвоздушна одбрана, како и 100.000 заштитни шлемови и елеци (панцири – н.з.) за доброволци.

Министерката за одбрана Кристин Ламбрехт претходно најави дека Германија ќе ѝ достави на Украина 5.000 воени заштитни шлемови.

„Ова е многу јасен сигнал: стоиме покрај вас“, рече таа по состанокот на Комитетот за одбрана во Берлин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.