KPИBИЧHA за двајца прилепчани поради сомнение за сторено дело “фалсификување исправа”

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против П.Р.(29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против Д..Т.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „фалсификување исправа” – информираат во полицискиот билтен на МВР.

На 04.02.2019 во Прилеп, при преглед на патничко возило „Нисан Примера“, управувано од првопријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле дабови дрва, за кои тој немал соодветна документација.

Притоа, било утврдено дека регистарските таблици на наведеното возило, потекнуват од друго патничко возило, кое било сопственост на второпријавениот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.