Koпанки одново станува реалност за битолчани (ФОТО)

После 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом Копанки со поддршка на општина Битола отпочнаа активностите за реконструкција на планинарскиот дом Копанки.

Согласно потпишаниот договор помеѓу општина Битола со ПСК ПЕЛИСТЕР, изработен е проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки и од денес се видливи градежните активности. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари а додека во буџетот од 2023 година за реконструкција на планинарскиот дом Копанки предвидени се 2 милиони денари. Бидејќи во месец јули пред советниците на општина Битола на седница на совет ќе се разгледува ребалансот на буџетот на општината, градоначалникот Тони Коњановски, најави дека ќе предложи за реконструкција на планинарскиот дом Копанки да се издвојат дополнителни 1 милиони денари.

Копанки е историја на Битола и заедно сите треба да го возобновиме!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.