Vincinni на престижниот саем SIAL во Париз – македонскиот бренд гради нови меѓународни партнерства

Тимот на македонскиот бренд Vincinni е дел од SIAL Paris, еден од најзначајните меѓународни саеми за прехранбената индустрија, кој ги обединува производителите, дистрибутерите и професионалците од прехранбениот сектор од целиот свет.

Од компанијата истакнуваат дека учеството на овој меѓународен настан е можност за зацврстување на постојните партнерства, воспоставување нови деловни контакти и претставување на брендот пред меѓународната публика.

SIAL Paris е препознатлив како глобална платформа за иновации, размена на искуства и отворање нови деловни можности во прехранбената индустрија.

Со своето присуство на саемот во Париз, тимот на Vincinni продолжува да ги гради деловните врски и да ги отвора вратите за нови можности на меѓународниот пазар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.