Koнцерт на „Амабасада на мајсторство“ во четврток во Прилеп

На 21 ноември 2019 /четврток/ од 19.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи камерен концерт „Амбасада на мајсторство“ на кој ќе настапат Владислав Фјодоров на пијано, Алексеј Иванов на труба и Дмитриј Крилов на тромбон.

Маладите музичари, лауреати на меѓународни натпревари се дел од програмите на Санкпетербуршкиот Дом на музиката, а во Македонија доаѓаат во организација на Агенцијата Россотрудничество и Амбасадата на Руската федерација во земјата.

Концертот „Амабасада на мајсторство“ трета година се реализира во ЦК„Марко Цепенков“.

Влезот е слободен.

Владислав ФЈОДОРОВ, пијано

Роден е во 1997 г. во Санкт Петербург. Во 2003 г. се запишува во училиштето за уметност „Е.Мравински“ во Санкт Петербург. Од 2009 до 2015 г. учи во средното специјално музичко училиште на Државниот конзерваториум во Санкт Петербург „Н.А. Римски-Корсаков“ во класата на Олга Курнавина. Од 2015 г. е студент на Државниот конзерваториум „Н.А.Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург (во класата на почесниот уметник на Руската Федерација, професор Александар Сандлер).
Лауреат на меѓународните натпревари: 2010 г. – Прва награда на меѓународниот натпревар по име Фредерик Шопен (EMCY) (Нарва, Естонија). 2011 г. – Прва награда на меѓународниот натпревар по име Франц Лист (EMCY) (Вајмар, Германија). 2012 г. – Трета награда на меѓународниот натпревар за млади пијанисти (Енсхеде, Холандија).
Во 2006 и 2007 г., двапати станува стипендист на германскиот производител на пијано, Карл Бехштајн. Во 2007 г. – стипендист на јавната фондација „Нови имиња“. Во 2011 г. – лауреат на наградата за „Млади таленти на Русија“ на Министерството за култура на Руската Федерација. Првпат со оркестар настапил на деветгодишна возраст. Настапува во разни сали во Санкт Петербург, во повеќе градови низ Франција, Германија, Италија. Од 2014 г. е учесник во програмите на Домот на музиката во Санкт-Петербург

Алексеј ИВАНОВ, труба

Роден е 1995 г. во селото Пуру (Естонија). Од 2003 г. студира во средното специјално музичко училиште на Државниот конзерваториумот „Н.А. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург (во класата на Заслужениот работник на културата на Русија, Анатолиј Зеличонок, а од 2007 г. во класата на Заслужениот уметник на Русија, Константин Баришев). Во моментов е студент на Конзерваториумот во Санкт Петербург во класата на доцент професор Борис Табуреткин. Од 2014 г. е член на оркестарот во театарот „Мариински“ во Санкт-Петербург.
Лауреат е на меѓународните натпревари: 2010 г. – добитник на специјална награда на меѓународниот натпревар „Мравински“ (Санкт Петербург). 2014 г. – победник и добитник на наградата „Т.А. Докшицер“ на Меѓународниот натпревар „Мравински“ (Санкт Петербург). 2017 г. –
победник и добитник на специјална награда на меѓународниот натпревар „Римски-Корсаков“ (Санкт Петербург). 2018 г. – Лауреат на втората награда на меѓународниот натпревар за трубачи во Вилнус. 2019 г. – победник и добитник на специјална награда на меѓународниот натпревар Trumpet Talents Tallinn.
Стипендист на меѓурегионалниот добротворен фонд „Нови имиња“ (2006 г.). Учесник на фестивалот при меѓународниот добротворен фонд на В. Спиваков „Москва ги пречекува своите пријатели“ (2007 г.), меѓународниот фестивал „Харковски асамблеи“. Настапува со „Руската Хорн Капела”, поканет солист на оркестарот „Gracias“ (Јужна Кореја). Основач и учесник на квинтетот „Brass Barocco“, кој успешно настапува на меѓународни натпревари и фестивали. Учесник на мастер-часови меѓу кои се Сергеј Накаријаков, Јенс Линдеман, Ален Визути, Андреј Болшијанов. Учесник на програмите на Домот на музика од 2011 г.

* * *
Дмитриј КРИЛОВ, тромбон

Роден е 1989 г. во Ленинград (сегашен Санкт Петербург). На 10-годишна возраст започнува да учи во музичкото училиште бр.14 (сега училиште бр.11). Учи соло пеење – тенор во паралелка на Виктор Никифоров, а пет години подоцна се префрла на тромбон. Во 2006 г. се запишува во музичкиот колеџ „М.П. Мусоргски“ во класата на Кирил Лобиков во Санкт Петербург. Во 2010 г. ги започнува студиите на Државниот конзерваториум „Н.А. Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург, во класата на Народниот уметник на Русија професор Виктор Сумеркин.
Од 2010 г. станува член на државниот академски оркестар Капела во Санкт Петербург. Во 2010 г. бил Маестро на тромбонската група во меѓународниот симфониски оркестар на Русија и земјите од АСЕАН во градот Денпасар (Индонезија). Член на Олимпискиот ансамбл за бакарни дувачки инструменти «Olympic Brass» од моментот на неговото основање. Член на ансамблот «Кронверк-брасс» од моментот на неговото основање.
Лауреат на Првата награда на Серускиот конкурсот „Ју.А. Болшијанов“ (2008 г., Краснодар) за млади изведувачи на бакарни дувачки инструменти. Во денешно време Маестро на тромбонската група во оркестарот на државната академска Капела во Санкт Петербург. Учесник на програмите на Домот на музика од 2013 г.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.