Kaко немаат cтpaв од Бога: Kpaдци направиле пycтош во манастирот во Беранци, да помогнеме сите yкpaденото да се надoкнади

После еден безсрамен нечовечки акт на грабеж и уништување, Манастирот Свети Јован Крстител во селото Беранци заедно со конакот и кујната се оставени со обиени врати, искршени прозори, исечени кабли кренати флидижери извадени мотори шпорина на дрва и украдени вредни предмети, алати и прибор. Сето ова е купено со пари донирани од посетителите на Манастирот и жителите на селото – oбјавија од одборот на Манастирот Св. Јован Крстител во село Беранци, битолско.

Со цел санирање на штетата и обезбедување од натамошни вакви акти, би сакале да замолиме за донација.

Оние кои се во можност, можат да донираат на Жиро Сметка: 240150000273125 во Уни Банка при што на налогот треба да се нагласи дека предмет е Донација.

Ова не е прв пат да се кради ова место скоро секое година но овај пат штетата е ногу голема.

Госпот е голем и скапо ке му плати..!!!! – стои во објавата на Фејсбук.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.