-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М.(43) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.08.2026 во сендвичарница во Прилеп, пријавениот физички го нападнал А.С., фрлал разни предмети од инвентарот на објектот кон А.С. , а потоа со остар предмет упатувал закани кон присутните лица, информираат во полицискиот билтен на МВР.
























