ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Н.Б.(47) и В.Р.(38), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “кражба”.
На 15.01.2026 во атар на с.Беловодица, прилепско, полициски службеници ги затекнале пријавените како вршат бесправна сеча на дрва – информираат од СВР Битола.

























