ЈКП „Водовод“ – Битола започнува организирана теренска акција за проверка и ажурирање на податоците за корисниците, водомерите и водоводните приклучоци.
Во првата фаза, теренските екипи ќе работат во Долно Оризари, Буковски Ливади и Стара Битолска Чаршија.
Од комуналното претпријатие ги повикуваат корисниците од овие подрачја да овозможат слободен и безбеден пристап до водомерите, а доколку е потребно, да бидат достапни и за проверка и усогласување на корисничките податоци.
Акцијата ќе се спроведува етапно и во останатите региони, за што граѓаните дополнително и навремено ќе бидат информирани.
Од „Водовод“ Битола упатуваат благодарност до граѓаните за соработката, со цел да се обезбеди посигурно и поефикасно водоснабдување.
























