Jaпонска донација за реконструкција на кровната конструкција на училиштето “Св. Климент Охридски” во Битола

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола успешно е завршена реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија, во вредност од 80.314 евра.

Со оваа донација се придонесе за подобрување на условите во училиштето, зголемување на безбедноста и создавање поквалитетна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес.

Од училиштето велат дека поддршката и инвестициите од Општина Битола и оваа поддршка претставуваат значаен придонес во унапредувањето на училишната инфраструктура и грижата за подобри услови за учениците и вработените.

На свеченоста по овој повод присуствуваше заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.